Букеровата награда за 2021 за jужноафриканскиот писател Дејмон Галгат


Јужна Африка- Писателот Дејмон Галгат ( 57) од Јужна Африка е годинашен добитник на престижната Букерова награда, за неговиот роман „Ветувањето“ (The Promise). Галгат по третпат беше номиниран за книжевната награда, по 2003 и 2010. Наградата во вредност од 50 илјади фунти ја доби на синоќешната свеченост.

„Ветувањето“ е негова деветта книга и е за падот на едно јужноафриканско семејство во текот на четири децении, од ерата на апартхејдот до денес. Претходно тој бил во тесна конкуренција за Букер со романите „Добриот доктор“ и „Во необичната соба“. Неговата книга од 2005 „Пленот“ (The Quarry) е адаптиран во два филма, последниот од 2020 со Мајкл Шенон, за скитник кој убива свештеник и го зазема неговото место во провинциски град. 

Галгут е трет јужноафриканец кој го добива Букерот, по Џ.М.Куци и Надин Гордимер.

„Романот е комбинација од извонредна приказна, богати теми и историјата на Јужна Африка од последните 40 години, во неверојатно добро обработен пакет. Има одлични идеи, тоа е книга со извонредно посветено внимание на структурата и книжевниот стил“, рече претседателката на жирито Маја Јасаноф.

 

Лауретот рече дека е „навистина длабоко благодарен за наградата“.

„Помина долго време за да стигнам овде и сега кога стигнав, некако чувствувам дека не треба да бидам тука. Овде лесно можеше да се појави кој било друг од другите неверојатни, талентирани луѓе кои беа номинирани и неколку други кои не се тука“, рече 57-годишниот писател.