Јувентус загуби од СПАЛ, печатот на Скудетото друг ден


Тимот на Јувентус попладнево изгуби од СПАЛ со 2:1 во натпревар од 32. коло на шампионатот на Италија и пропушти шанса уште денес и теоретски да ја освои титулата.

„Старата дама“ на овој натпревар настапи без голем број стандардни првотимци, вклучувајќи го и напаѓачот Кристијано Роналдо. Предноста на Јувентус во однос на Наполи е 20 бода, а неаполитанците имаат еден натпревар помалку и на располагање 21 бод до крајот на првенството.

Тимот Масимилијано Алегри може да го освои Скудето утре, доколку Наполи не го победи Киево. На Јувентус, за седмиот шампионски трофеј по ред му е потребен само еден бод во преостанатите шест кола.