Јуве и Рома ќе разменат играчи


Леонардо Спиназола и Лука Пелегрини ќе ги заменат клубовите, со тоа што Рома ќе добие дополнителни 10 милиони евра, објавија италијанските медиуми.

Моментната вредност на играчот на Рома, Спиназола, кој минатата сезона беше позајмен во Аталанта, изнесува 15 милиони евра, додека на фудбалерот на Јуве, Пелегрини, кој исто така е позајмен во Каљари, изнесува пет милиони евра.

Италијанските медиуми наведуваат дека ако успеат да постигнат договор, тие дури во текот на викендот би требало да извршат лекарски прегледи во своите нови клубови.