Јутуб бесплатно ќе понуди 100 филмови и серијали за деца

 

Видеосервисот Јутуб соопшти дека во наредниот период ќе понуди 100 филмови и серијали за деца потполно бесплатно.

Секој понеделник, до 31 август, Јутуб ќе поставува нови содржини.

Повеќе од 100 филмови и специјални шоуа се дел од проектот „По училиште“ (After School)” зад кои стои Јутуб кидс. Еден од шефовите на Јутуб, Дон Андерсон, вели дека сервисот сака да им помогне на родителите кои истовремено се грижат за децата и работат од дома заради пандемијата од корона вирус, а обавуваат и секојдневни работи.Целта е да им се помогне на родителите полесно да ги поднесат обврските затоа што децата се постојано дома.

„Сакаме да ви помогнеме со висококвалитетни филмови и специјали кои ќе ги забавуваат вашите деца, а и вие можете да уживате во нив“, соопштија од Јутуб.

Колекцијата вклучува наслови како: „Тајо – малиот автобус“, „Бејби шарк“, „Маша и Медо“, како и едукативни серијали, а ќе бидат достапни и нови филмови и емисии.

СОдржината ќе може да се гледа секој понеделник во категоријата „Shows“ во следните пет недели, пишува Енгаџет.