Јункер: ЕК се бори со дезинформациите против вакцините

Европската комисија се бори со дезинформациите против вакцините, за што имаме помош и од онлајн платформите, изјави претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер на Светскиот самит посветен на придобивките од вакцинацијата.

Според него, напорите за ширење сомнежи преку Интернет за  неопходноста од вакцини се вклопуваат во целокупното дејствување на Комисијата за спротивставување на дезинформациите.

Јункер рече дека во последните неколку години е зголемен бројот на заболени од заразни болести. Според него, тоа се должи на „глупавата недоверба“, но и на зголемувањето на цените на вакцините.

Во некои земји во светот луѓето немаат пристап до вакцини, а во Европа се откажуваат од вакцинирање и на тој начин предизвикуваат закана  за себе и за околината.

– Неприфатливо е секоја година да умираат деца ширум светот поради недостиг на пристап до здравствена заштита, да страдаат од болести што долго време се искоренети. Сè уште не успеавме да спречиме ширење на заразни болести, додаде претседателот на ЕК.