Јункер: Државите членки се едогласни – нема повеќе преговори за Брегзит


 

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер рече дека 27-те членки на Европската унија се едногласни во одлуката да нема повторно преговори за Спогодбата за Брегзит.

Лидерите на тие земји, без Тереза Меј, дискутираа за процесот на Брегзит, кој сега е во застој, и ја отфрлија идејата дека новиот британски премиер може да почне нови преговори за излез на Велика британија од ЕУ.

„Едногласно повторивме дека нема да има повторени преговори за постоечкиата спогодба“, рече Јункер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја остави отворена можноста политичката спогодба која е проложена на спогодбата за правно повлекување може да биде предмет на разговор.

Велика британија би требало да ја напушти ЕУ на 31 октомври годинава.