Јунајтед нема да дозволи Погба да замине во Реал Мадрид дури и за 200 милиони евра


Играчот од средниот ред Пол Погба нема да оди од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид дури и за 200 милиони евра.

Според шпански „АС“ Манчестер јунајтед е категоричен против трансферот. Поради тоа, Погба ќе мора да помине најмалку уште една сезона во англискиот клуб.

Минатата сезона, 26-годишнито Французин настапи на 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 голови и забележа 11 асистенции. Неговиот договор со англискиот клуб е со важност до 30 јуни 2021 година.

Вредноста на Погба на фудбалскиот пазар во моментов с епроценува на 100 милиони евра.