Јубилејна десетта куп-титула за кошаркарите на Работнички


Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички по десетти пат го освои трофејот во Купот на Македонија. Клубот од „Градски парк“ вечерва во финалето на завршниот турнир во Гевгелија ја победи Блокотехна со 85:71.

Најдобар играч на натпреварот беше Чавдар Костов кој се закити со признанието МВП. Бугарскиот интернационалец до триумфот ги предводеше „црвено-белите“ со 25 поени.

Македонската кошаркарска федерација им додели и благодарници на кошаркарските клубови Кожув и Блокотехна како и на Општината Гевгелија за особен придонес во организација на завршниот турнир од Купот.

Во женското финале Вардар го победи Бадел со 50:40.