ЈСП: Жичницата на Водно е безбедна, се спроведува редовен сервис

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку соопштение реагираше на пишувањата околу безбедноста на жичницата „Милениумски крст“ и информира дека таа има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година.
„По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.09.2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека денес е направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој не биле констатирани технички недостатоци, односно било констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.
„Безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме, на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата“, велат од ЈСП.