ЈСП Скопје го пушти во употреба билетот за едно возење
ЈСП Скопје го пушти во употреба билетот за едно возење, кој може да се купи во автобусите и во билетарниците. Ќе 50 денарии е наменет за еднократна употреба. Новиот билет е хартиен и со вграден безконтактен чип и ќе може да се валидира безконтактно на постоечките валидатори.
Цената на останатите видови билети, информираат од ЈСП, останува непроменета. Пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари. Билетот за едно возење е новина која беше долго време најавувана, а целта е да се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко се возат во автобус или не живеат во Скопје.