Јован Јованов ужива во новогодишна семејна бајка во Канада


Јован Јованов, македонскиот музичар и композитор, поранешен член на „Магија“ кој со години живее и работи во Канада, слави и католички Божиќ, односно оној според новиот календар на 25-ти декември и ако истото значење му дава и на православниот на 7 јануари. Јованов многу ретко сака да се експонира со семејството, најчесто е сам на сликите, но овојпат прави исклучок.

Тој е во новогодишна и божиќна еуфорија, во друштвото на сопругата Николина (по потекло е од Нови Сад, Србија) и својата ќеркичка Малеа. Пред некој ден во интервјуто за „Вечер“ изјави:

-Искрен да бидам немаше особена причина поради која заминав. И во Македонија јас имав пристоен живот. Веројатно заминав како и пола држава што замина, како што младите си заминаа барајќи си посигурна иднина и остварување на поголеми цели во работата. Не знам можеби еден ден би се вратил, засега не. Во Канада ми е моето најтесно семејство, тука ни е животот, убаво ни е!

Но, поминато време со групата “Магија“ и победата на “Макфест“ секогаш ми будат убави сеќавања. Срцето посилно чука! Особено што стартував доста млад неискусен за естрадата. А, и физички изгледав така баш тинејџерски, нели, со косата, со облекувањето. Тогаш кога давав први интервјуа, имав први насловни страници. Убавини се тоа, се присети Јовановво разговорот за „Вечер“.