Јотова: Подготвени сме да разговараме но Мицкоски да заборави дека ова е билатерално прашање


 

Бугарија е подготвена на разговори, но без ултиматум и отстапки од европската политика – Мицкоски да заборави дека прашањето е билатерално,  изјави бугарската претседателка Илијана Јотова, по пораките на премиерот Христијан Мицкоски и на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаејн, од Скопје, објавија бугарските медиуми.

Јотова рече дека е умерен оптимист и ќе побара од шефицата на бугарската дипломатија Петрова Чамова да ѝ ја даде на увид дипломатската нота од Муцунски, со барање за средба во Софија.

Таа се надева дека Фон дер Лајен била исклучително цврста со Мицкоски, и порача дека прво треба да се реши случајот со Ива Михајлова.

„Сè уште не ги знам деталите од тет а тет разговорот со г-ѓа Фон дер Лајен. Се надевам дека овој пат таа беше исклучително цврста. За овој разговор да биде сериозен, Мицкоски мора многу добро да ја прочита европската политика во однос на проширувањето. Република Северна Македонија треба да заборави дека ова е билатерално прашање, како што тој се обидува да го претстави. Ние секогаш сме биле отворени за разговори со нив, но разговори без ултиматуми и без попуштање пред европската политика. Бугарија е дел од Европската Унија и не можеме да дозволиме земја што тргнала по европскиот пат да не ги прифати вредностите и доблестите на Европската Унија, а уште помалку да зборува со ултиматумски тон, но да останеме умерени оптимисти“, порача Јотова.

Премиерот Мицкоски вчера изјави дека не е паметно Софија да ја отфрли понудата за средба.