Јерговиќ: Државните граници се работа на војската и на полицијата, а не на книжевноста
Во Загреб сум Босанец, во Босна сум Хрват, а меѓу националисти сум Југословен, вели славниот автор во интервју за „Трн“

„Југославија како држава не постои, постои културен и книжевен простор. Тоа е простор од јужнословенски јазици, простор од Словенија до Црно море кој всушнот не е зависен од тоа дали постои оваа или онаа држава, туку тоа е едноставно некој заеднички или доста близок културен и книжевен простор“ рече Миљенко Јерговиќ е еден од најпознатите писатели од поранешните ју простори во интервју за „Трн“.
Славниот автор, заедно со други регионални автори и македонски автори е гостин на 9. издание на фестивалот на европска литература „BookStar“, што синоќа се отвори во кино „Фросина“ со поздравниот говор на министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и ЕУ амбасадорот Дејвид Гир.
Тој додаде дека тоа е простор на блиски и заеднички историски и културно искуства, тоа е простор на слични менталитети , тоа е простор на слични несреќи и тоа е простор на слични луѓе.
„Таа блискост и таа сличност за културата на овие земји е многу важна за нивната книжевност. Државните граници се работа на војската и на полицијата, а не на книжевноста“ рече Јерговиќ.
Јас имам посебен интерес за Македонците и Македонија целиот свој живот, Македонија е дел од мојот свет
„Јас имам посебен интерес за Македонците и Македонија целиот свој живот, тоа е природна работа, Македонија е дел од мојот свет, е сега тој интерес од една страна е поврзан со книжевноста и уметноста, да речеме со македонските писатели кои мене ми се особено важни“ истакна Јерговиќ како една поента од интервјуто.
Тој додаде дека Влада Урошевиќ е еден од најважните југословенски писатели воопшто, а дека исто така ги цени Сашо Прокопиев, Матеја Матевски, Никола Маџиров и Кочо Рацин.
„Кога нешто се случува нешто лошо со Македонците и Македонија, тоа и јас го чувствувам. Понекогаш работите од нашата перспетива изгледаат поинаку“ рече Јерговиќ.
Писателот додава дека националната култура зависи од тоа колку е жива сама по себе и дека ако писателите на пишуваат, тогаш никој не може да помогне за да се зачува јазикот.
Во Загреб сум Босанец, во Босна сум Хрват, а меѓу националисти сум Југословен
„Јас сум секогаш она што во тој момент го доживувам како најзагрозено, кога сум во Загреб тогаш сум Босанец, кога сум во Босна, тогаш сум Хрват, кога сум меѓу националисти од различен вид тогаш сум Југословен и тоа е навистина така“ изјави авторот во интервјуто.
Тој додаде дека кога е на место и ситуација во која природно се чувствува, тогаш единствено е Миљенко Јерговиќ и ништо повеќе од тоа.
„Јас не сум од оние луѓе кои многу сакаат да патуваат и многу сакаат да запознаваат нови светови и земји, ама исто место, ист град би можел да го посетам и илјада пати. Јас мојата книженост и приказните ги извлекувам од упорно гледање во исти градови, исти предели, исти работи“ вели Јерговиќ.
Писателот во интервјуто истакнува дека тој не пишува размислувајќи за публиката, бидејќи така ќе почне да пишува на нечин што се очекува од него, а не онака како што изворно му доаѓа.
„Моите книги се преведени во некои многу оддалечени култури од нашите и секогаш многу се изненадувам кога гледам дека на некој многу далеку му е разбирливо тоа што јас го пишувам. Истата таа работа би можела да се каже за таканаречените нови генерации кај нас, ама од друга страна постои некоја универална емоција или искуство или универзално раскажување, бидејќи ако разбираат што се случува кај античките богови и херои, тогаш и ова би им било разбирливо, само две генерации наназад“ вели Јерговиќ во интервјуто.