Јеремиќ: Вучиќ конечно да стане сериозен и да направи платформа за преговори со Косово


Србија – Претседателот на Народната партија и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Вук Јеремиќ, изјави денеска дека меѓународниот состанок за Косово во Париз нема да биде значително различен од претходниот во Берлин, бидејќи сè уште нема доволен интерес кај клучните меѓународни актери ниту барем делумно совпаѓање на нивните интереси, неопходни на конференцијата да биде постигнат значителен напредок.

-Српскиот режим споменува некаква „Париска операција”, која во реалноста не постои. Тоа е само продолжение на шарлатанскиот однос на претседателот на Србија и СНС, Александар Вучиќ и неговите дворски медиокритети за најважните државни и национални прашања кои, како и сè друго, се користат за пропагандни цели, порача Јеремиќ во писмена изјава.

Јеремиќ го повика Вучиќ „конечно да стане сериозен” и да ја направи платформата за преговори со Приштина, што ќе се базира на српскиот устав и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, наместо секојдневно да ја известува јавноста за неговото моментално расположение -дали е лут, разочаран, исплашен…, се наведува во соопштението.

Албанската страна усвои прилично тврда и максималистичка платформа, бидејќи така се започнуваат преговори. Наша страна тоа не го стори тоа, немаме јасна платформа ниту јасни насоки упатени кон оние кои, во име на Србија, треба да преговараат со косовските Албанци. Треба да се почне од платформата на Белград за преговори, рече Јеремиќ.

Тој оцени дека пред преговорите за меѓународниот правен статус на Косово „треба да се постигне договор за да може во покраината да се живее нормално, без оптоварување од минатот.“

-Потребни ни се договори за тоа чии се имотите, и приватните и државните, потребно е да обезбедиме елементарна сигурност за сите жители на тој дел од Србија, а особено за Србите кои се загрозени. Неопходен е договор за економијата, како ќе функционира слободната трговија … И многу други прашања кои го прават животот на луѓето нормален. Во центарот на напорите преку дијалогот би требало да бидат тие прашања, додаде Јеремиќ во соопштението на Народна партија.

Инаку денеска од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ информираа дека утре во Белград ќе допатува замeник помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер, кој белградските и вашингтонските медиуми го преставуваат какo „Трамповиот специјалец за Балкан“, кој ќе има средби со претседателот Аександар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Тој пред два дена за Гласот на Америка изјави дека „се надеваме дека двете страни (Белград и Приштина) можат да се сретнат на половина пат, да преговараат, да постигнат договор, да го применат и да го отворат европскиот пат… Америка е партнер на ЕУ, која го води овој процес и не гледам причина зошто тоа би се менувало. Ако има улога за нас од САД, тогаш тоа е да бидеме конструктивни. Ние сме отворени за сè што треба како би го поддржале овој процес – изјави Палмер.