Јемен му објави војна на Израел


Портпаролот на армијата на јемен соопшти дека земјата му објавила војна на Израел.

-Како вооружени сили на Јемен, во согласност со нашата морална, хуманитарна и верска одговорност и на барање на јеменскиот народ подаваме рака за помош на угнетениот народ во Газа, соопшти тој. 

-Вооружените сили на нашата земја штотуку истрелаа голем број балистички ракети, крстосувачки ракети и голем број беспилотни летала кон различни цели на израелскиот непријател на окупираните територии, додаде тој. 

Јемен е прва арапска земја што му објавува официјално војна на Израел од 1973 година.