Јелен закажа итен состанок со регулаторите поради Гејмстоп лудилото на берзите

Регулаторите се загрижија поради нестабилноста на пазарот на капитал предизвикана од лавина вложувања на инвеститори-аматери во GameStop, во сребро и други акции, а се започна преку социјалните медиуми

Американската министерка за финансии Џенет Јелен оваа недела ќе свика вонреден состанок со врвните финансиски регулатори за нестабилноста на пазарот на капитал предизвикана од лавина вложувања и инвестиции на аматерски инвеститори во GameStop, во сребро и други акции, а која започна преку социјалните медиуми.

Јелен на состанокот ќе ги покани шефовите на Комисијата за хартии од вредност, на Федералните резерви, Банката на федерални резерви на Њујорк и Комисијата за терминскиот пазар на стоки, соопшти синоќа Министерството за финансии.

Пред да се свика состанокот, министерката за финансии побара и доби дозвола од адвокатот на етичкиот комитет, според документот до кој имал пристап Ројтерс, заедно со одобрението да се занимава со пошироки прашања поврзани со индустријата за финансиски услуги.

Нестабилност на финансиските пазари

Нејзината одлука да побара таков исклучок следеше по извештајот на Ројтерс дека можеби ќе и треба дозвола да се справи со овие прашања, поради хонорар за еден говор што ќе го добие од хеџ фондот Цитадел, клучен играч во GameStop сагата.

Претставник на Министерството за финансии, кој одби да биде именуван, рече дека состанокот ќе се одржи оваа недела, веројатно веќе во четврток, пренесува Танјуг.

„Министерката Јелен смета дека интегритетот на пазарот е важен и побара да се расправа за неодамнешната нестабилност на финансиските пазари и дали неодамнешните активности се во согласност со прописите за заштита на инвеститорите и со фер и ефикасната практика на пазарот“, изјави за британската агенција портпаролот на Министерството, Александра ЛаМанга.

Акцијата на Јелен доаѓа по неколкудневен спирален раст на акциите на продавачот на видео игри „GameStop“, потоа компанијата „Кос“ која произведува слушалки, кино синџирот АМЦ Ентертејмент и други акции и стоки што се фаворизираат на форумот „ВолстритБетс“ на социјалната мрежа Редит.

Ентузијазмот на активистите на „Редит“ спласна

Армија на обични луѓе, учесници на тој форум, започнаа со наддавање на Вол Стрит за да ги принудат трговците кои се занимаваат со таканаречено „шортинг“ (shorting) на акции да ги затворат своите позиции со големи загуби, што ги доведе акциите на „GameStop“ до вртоглави максимални 483 УСД од почетно ниво од 18 долари.

Сепак, ентузијазмот на активистите на „Редит“ спласна, со тоа што Гејмстоп „се спушти на земја“ и го затвори тргувањето во вторникот со пад од 60 проценти, на 90 американски долари, оставајќи многу трговци со огромни загуби. Паднаа и цените на среброто.

Комисијата за хартии од вредност на САД предупреди минатата недела дека „екстремната нестабилност на цените на акциите има потенцијал да ги изложи инвеститорите на брзи и сериозни загуби и да ја наруши довербата на пазарот“.

Акциите на „GameStop“ останаа непроменети утрово пред отворањето на берзата во Њујорк, затоа што трговците чекаа да видат дали може да се обнови притисокот против „шортингот“ инициран од малите инвеститори на „Redit“, пренесува CNBC.

Според последните расположиви податоци, акциите на таа компанија се тргуваа на ниво од 91,44 долари, а во текот на јануари, тие забележаа скок на цената од 1.625 проценти, при што само минатата недела од 400 проценти.

Малите инвеститори ги фрлија на колена големите берзански играчи

Она што се случи во лудиот јануари на Волстрит, кога малите инвеститори од „Редит“ влегоа во војна со моќните хеџ фондови кои се обложуваа на паѓање на акциите на „Гејмстоп“ и на низа други компании, ќе биде тема и на виртуелното сослушување во Комитетот за финансии на Конгресот на САД, пишува Јутарњи лисст.

Како што најави пратеничката Максин Вотерс, тоа ќе се случи на 18 февруари и настанот ќе се пренесува во живо. Фокусот ќе биде на добивката и загубата поврзана со практиката на „шортинг“ (обложување на големите професионални инвеститори, хеџ фондови, за пад на цената на акцијата) и социјалните медиуми и малите инвеститори.

Во меѓувреме, акциите на „GameStop“ по вртоглавиот пораст, кои на крајот на јануари во еден момент се зголемија за 1.600 проценти, нагло паднаа во понеделникот. Популарната платформа за тргување „Робинхуд“, преку која се спроведуваше голем дел од тргувањето со овие и други „жешки“ акции, собра вкупно 3,4 милијарди американски долари, кои беа побарани од него како депозит со што се очекува да се овозможи да се отстранат ограничувањата во трговијата што беа воведени минатата недела и што ги налути малите инвеститори. Капиталот на Робинхуд му го обезбедија финансиските „тешкаши“ Sequoia Capital, Ribbit Capital, Andreessen Horowitz и други.

Минатата недела, Робинхуд, кој се фали со принципот на демократизација на финансиските услуги, ги спречи инвеститорите-аматери да купуваат акции на синџирот продавници за видео игри GameStop. Како резултат на таквото ограничување, загубите на хеџ фондовите беа малку ублажени, а малите инвеститори жестоко ја критикуваа одлуката, тврдејќи дека платформата манипулира со пазарот и ги штити големите инвеститори на кои акциите на „GameStop“ сè уште им се достапни.

Додека прашината околу настаните на Вол Стрит сè уште не е расчистена, се појави веста дека американската филмска компанија МГМ ги купила правата на книгата за сагата „Гејмстоп“, но книгата допрва треба да биде напишана. За тоа ќе се нафати Бен Мезрич, еден од најпродаваните автори на книги на „Њујорк Тајмс“. Наводно, книгата ќе се вика „Антисоцијална мрежа“ и ќе ја опише целата приказна за аматерските инвеститори кои го клекнаа Волстрит. Мезрич е автор на бестселерот „Случајни милијардери: Основањето на Фејсбук, приказна за секс, пари, генијалност и предавство“.

Блумберг, во меѓувреме, вчера ја објави теоријата на еден од финансиерите, Карсон Блок, дека зголемувањето на вредноста на акциите, како што беше случајот со „GameStop“, повеќе мириса на хеџ фонд кој напаѓа друг хеџ фонд отколку на резултат на прилив на инвеститори од „Редит“. Со други зборови, тој смета дека постапката на малите инвеститори можеби била „димна завеса“ за фондовската војна, но тој не понуди докази за тоа. Неговиот фонд, Муди Вотерс Капитал, исто така се занимава со „шортање“ и јавно ги објавува своите позиции, а Блок вели дека тој бил жртва на „кратко стискање“ (short squeez) извршено од други хеџ фондови во случајот со акциите на GSX Techedu неколку недели пред GameStop лудилото.

Што се случи во лудиот јануари

Ќе се снима и филм