Јавноста поделена околу вакцинирањето против КОВИД-19


Фото: Б. Грданоски

Најновата анкета на БРИМА покажа дека постои голема поделеност кај граѓаните во однос на тоа дали лично сакаат да се вакцинираат против Ковид 19: 37% сакаат да се вакцинираат додека 36% експлицитно изјавуваат дека „нема да се вакцинираат односно дека не сакаат да се вакцинираат“. Скоро една четвртина (23%) се двоумат и би почекале да видат дали вакцинирањето ќе има несакани последици.

Анализата покажува дека 52% од постарите (над 55 год) сакаат да се
вакцинираат наспроти 35% од граѓаните на возраст (35-54 год) и 24% од
младите (15-34 год).

 Кај испитаниците (без оние кои јасно изјавиле дека нема/ не сакаат да се вакцинираат), најмногу преферирана вакцина е вакцината на Pfizer-BioNTech (22%), потоа е руската вакцина SPUTNIK V (17%),со било која вакцина се спремни да бидат вакцинирани 20%, другите вакцини сепреферирани во понизок процент: 7% би преферирале кинеска вакцина, 5% сеза AstraZeneca и 3% и за Moderna.
Една четвртина (25%) не знаат со која вакцина би сакале да бидат
вакцинирани.

 Ова истражување иницира повеќе дополнителни истражувачки
прашања меѓу кои се: Зошто помладите во повисок процент не сакаат да се вакцинираат? Кои се причините?- Кој/што влијае за оваа поделеност во јавноста во врска со вакцинирањето како и во врска со изборот на  вакцините – од
кои и какви извори на информации? Каква е потребата за широка кампања за подигнување на свеста во врска со вакцинирањето и вакцините?

Истражувањето е спроведено во периодот од 24 февруари до 9
ти март  на  национално репрезентативен примерок.