Јавниот долг ја надмина препорачаната граница од 60 отсто


Со ревидираните податоци изнесени на вчерашната матична собраниска комисија со која започна расправата за ребалансот на буџетот, јавниот долг на Македонија ја надминува препорачаната граница од 60 отсто од Бруто домашниот производ. Проекцијата покажува дека до крајот на годината задолжувањето ќе изнесува 60,3 проценти.

„Сега се разбиени буквално сите лимити на јавен долг и во светот и во Европа и насекаде. Ние немаме проблем, Буџетот е стабилен. Гледате дека најголемите даноци, ДДВ, персоналниот данок на дохот и данокот на добивка, иако имаме одложени аконтации со одлуки или уредби со законски сили, сите се или на исто ниво или имаме одредено зголемување. Ние сме финансиски стабилни, екстензивноста на Буџетот, којашто ја гледате во овој ребаланс, а веројатно ќе ја има се додека трае кризата, е барање начин како да се вбризгаат допополнително плус пари за да и помогнеме на економијата“, изјави вчера премиерот Зоран Заев.ениците.