Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 51,7 отсто од БДП


 

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни годинава изнесуваше околу 35,74 милијарди евра, што е 51,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии.
На крајот на мај јавниот долг изнесуваше 35,52 милијарди евра или 51,4 отсто од БДП.

Јавниот долг на Србија на крајот на 2022 година изнесува 33,33 милијарди евра или 55,1 отсто од БДП.