Јавна расправа за Реформскиот пакет закони за дигитална трансформација
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“.
На Јавната расправа ќе се дебатира за Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за архивски материјал и архивска дејност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
Целта на jавната расправа, како што се посопчува во најавата, е поканетите да ги искажат своите коментари и можни предлози до Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, а во врска со темата на јавната расправа.