Јавна дебата „Претприемништво, иновации и економски слободи“


Фото: Б. Грданоски
Центарот за австриска економија од Виена и Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје денеска организираат јавна дебата на тема „Претприемништво, иновации и економски слободи“.
 
Јавната дебата е во рамки на 2023 Free Market Road Show®. Free Market Road Show e европска иницијатива за промовирање на принципите на пазарната економија и претставува собир на истакнати лидери од бизнисот, научници и студенти, креатори на јавното мислење, експерти за политики, дипломати и други интересни групи кои дискутираат на актуелни општествени прашања.
 
Говорници на настанот ќе бидат Дан Мичел, економист во областа на јавните политики, Вашингтон, САД, Амир Шани, професор на Универзитетот Бен Гурион во Израел, Адмир Чавалиќ, основач и директор на либертаријанската организација „Мулти“, БИХ, Бошко Караџов, професор по филозофија и научен истражувач, Верица Јорданова, новинар, експерт по односи со јавност и директор на Ivovativnost.mk, како и Стефан Смиљаноски од „Бреинстер“.