Јавен повик за образовни асистенти во средно образование


Град Скопје објави Јавен повик за ангажирање асистенти за потребите на учениците со посебни образовни потреби во Средните училишта на Град Скопје за учебната 2021/2022 година.

Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје“ можат да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување на град Скопје, до 13.08.2021 година.

Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од 9 месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест. Целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.

Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност; лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование; лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; жени припадници на ромската етничка заедница; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот; родители на 3 и на повеќе деца; родители на деца на улица и невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Корона вирусот-COVID-19.  

Заинтресираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување на Република Северна Македонија- Центар за вработување на град Скопје, во периодот од 04.08.2021 година до 13.08.2021 година, од 8 до 14 часот.

Заинтересираните невработени лица детални информации за Програмата ОКР можат да добијат во Град Скопје, Сектор за образование од 08:30 до 16:30 часот, секој ден кај лицето Султана Чулева, Општински координатор на програмата „Општинско-корисна работа“, на телефонскиот број 070/303-885.

Јавниот повик може да се види и преземе на следниот линк – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/