Јасна победа на десницата во Германија, покажуваат излезните анкети
Фридрих Мерц ќе биде идниот канцелар, но не е јасно како ќе изгледа владата. Крајната десница е втора. Потоп на владејачките социјалдемократи на канцеларот Шолц

Германскиот десниот центар забележа јасна победа на националните избори во неделата, според излезните анкети, најавувајќи голема политичка промена во најголемата европска земја и отворајќи го патот за Фридрих Мерц, лидерот на демохристијаните, да стане следниот канцелар на Германија.
Двете излезни анкети на телевизиите ЗДФ и АРД покажуваат дека унијата ЦДУ/ЦСУ ќе добие околу 29 отсто од гласовите. Што е некој процент помалку од анкетите во последните месеци.
Како што е се претпоставуваше втора е крајнодесничарската Алтернатива за Германи (АфД) со 20 отсто од гласовите. Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц доживеаја тежок пораз како и што се предвидуваше. Според излезната анкета на ЗДФ тие ќе имаат 16,4 отсто од гласовите, што е дури за 9,4 помалку од изборите во 2021. Резултатот е сличен и кај АРД. Зелените имаат загуби, но тие не се преголеми. Тие би требало да освојат 13 отсто.
Левица е еден од победниците на денот. До само пред неколку недели таа беше далеку под прагот од 5 отсто да влезе во Бундестагот, но извонредната кампања за спротивставување на крајната десница им носи близу 9 отсто поддршка.
Главната разлика помеѓу излезните анкети на АРД и ЗДФ, двата германски јавни радиодифузери, е дека според АРД либералите од Слободните демократи и левичарските популисти БСВ се под клучниот праг од 5 отсто. ЗДФ предвидува дека двете партии ќе имаат точно пет отсто.
Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, ќе биде идниот канцелар, но прашање е со кого ќе составува влада. Веројатен избор се социјалдемократите, но тоа не е доволно за мнозинство во парламентот. Тројна коалиција ќе биде комплицирана за функционирање. Може да владее и со малцинска влада, а тогаш ќе биде најранлив.