„Јас сум фудбалер и јас сум геј“ – емотивно видео по кое што следеa бројни реакции, Пике и Гризман веднаш возвратија


Австралискиот фудбалер Џош Кавало призна дека е геј, поддршка за него доаѓа од сите страни

Австралискиот фудбалер Џош Кавало откри дека е хомосексуалец и со тоа стана првиот активен фудбалер во австралиското првенство што го направил тоа.
„Јас сум фудбалер и јас сум геј“, објави 21-годишниот Кавало на социјалните мрежи.
„Се што сакам е да играм фудбал и да ме третираат исто како и другите“, додаде тој.
„Исцрпувачки е да се игра најдобро што можеш и притоа да живееш двоен живот. Тоа е искуство што не би го посакал никому“, признал тој.

Малкумина професионални фудбалери јавно ја открија својата хомосексуалност и тоа го прават само кога ќе ја завршат својата професионална кариера за да избегнат хомофобични напади од навивачите.
Англичанецот Џастин Фашану беше првиот што го стори тоа во текот на 1990-тите, но тој се самоуби во 1998 година, откако престана да игра фудбал.
Кавало, исто така, рече дека случајот на Фашану му бил на ум кога размислувал да ја открие својата хомосексуалност.
„Се сеќавам дека прочитав дека Џастин Фашану беше првиот професионален фудбалер кој ја откри својата хомосексуалност во 90-тите и дека се самоуби осум години подоцна и тоа ме натера да размислувам“, рече младиот Австралиец, истакнувајќи дека добил „огромна поддршка“ од неговиот клуб Аделаид Јунајтед, од соиграчите и австралиските фудбалски претставници.
Тој додаде дека сака да стане пример за другите фудбалери кои се уште ја кријат својата сексуална определба.
Следеа бројни реакции, ѕвездите дадоа поддршка
Познатите фудбалски ѕвезди како Жерар Пике и Антонин Гризман веднаш го контактирале играчот преку социјалните мрежи и му дале поддршка.

Поранешниот играч на Њукасл Џетс, Енди Бренан, во 2019 година откри дека е геј и на тој начин стана првиот активен фудбалер кој зборувал за својата сексуалност. Томас Хицлспергер, човекот кој 52 пати го носеше дресот на германската репрезентација, стана првиот истакнат фудбалер во историјата кој јавно призна дека е геј.