Јапонија и Полска ги здружија силите за обнова на Украина
Братислава – Јапонскиот и полскиот министер за надворешни работи, Тошимицу Мотеги и Радослав Сикорски, на состанок во Словачка се согласија дека Токио и Варшава ќе ја координираат поддршката за повоената обнова на Украина, велејќи дека безбедноста на Европа и Азија е неразделна, соопшти денес јапонското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се вели дека за време на нивниот состанок во понеделник, Мотеги и Сикорски ја потврдија важноста на Полска како „бизнис центар“ за повоената обнова на Украина, објави Кјодо.
Се забележува дека Мотеги се согласил со Сикорски за соработка со Европската Унија во областа на економската безбедност, со цел да се поттикне развојот и заштитата на клучните технологии.