Јапонија евакуира милиони пред налетот на тајфунот Нанмадол
Околу два милиони луѓе во југозападниот дел на Јапонија добија наредба да се евакуираат пред моќниот тајфун што се предвидува да го погоди регионот во недела.
Се прогнозира дека тајфунот Нанмадол ќе го погоди јужниот дел на Кјушу, еден од југозападните острови во Јапонија, поточно префектурата Кагошима, според НХК.
„Метеоролошките власти издадоа итно предупредување за силни ветрови, високи бранови и невреме во префектурата Кагошима“, објави НХК.
На жителите во 965.000 домаќинства им е наредено да се евакуираат низ приморските градови Мијазаки, Кагошима и Амакуса. Предупредување од петто ниво, највисоко на јапонската скала за предупредување за катастрофи, беше издадено на повеќе од 14.000 луѓе во градот Нишиномоте на островот Кјушу, објави NHK.
„Постои можност да биде рекорден силен дожд и ќе биде објавено итно предупредување за силен дожд“, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Веќе се откажани најмалку 335 летови кои требаше да полетаат или да пристигнат на аеродромите во Јапонија во недела. Окото на тајфунот Нанмадол е јасно видливо на сателитски снимки. Тајфунот брзо се разви од петокот вечерта.