Јапонија добива нов цар


Јапонскиот цар Акихито утре ќе стане првиот монарх кој се повлекол од престолот во претходните два века. Неговиот син, престолонаследникот Нарухито ќе го замени в среда.

Тоа е почеток на нова ера во Јапонија. Оваа ера ќе се вика Реива, што значи „ред и хармонија“. Зборот „Реива“ ќе се појави на парите, весниците, возачките дозволи и официјалните документи.

Земјата ќе празнува десет дена. Банките нема да работат, па Владата соопшти дека „оние кои планираат да подигнат поголема сума пари тоа да го направат однапред“.

Абдицирањето отвори дебата за иднината на кралското семејство, како и за правилото дека жена не може да стане цар.