Јапонија бара нивните имиња да се читаат- прво презимето па името

Јапонската Влада сака светот да почне да ги користи јапонските имиња како што се употребуваат во Јапонија – да се изговори презимето, а потоа и името.

Така, името на јапонскиот премиер ќе биде изговорено Абе Шинѕо, како што се изговара во Јапонија и би се прекинала практиката усвоена пред повеќе од еден век, наметната од странци.

Презимето прво се изговара во Кина и Јужна Кореја, меѓутоа, во тие земји се практикува и меѓународно изговарање на името.