Јанша ги отфрли критиките за „орбанизирање“ на Словенија


ЕУ треба да размислува за стратешки промени што се на маса е сега, затоа што јавното мислење во Западна Европа се менува, вели Јанез Јанша

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека Словенија нема комплекс на помала вредност и дека затоа неговата Влада, и покрај критиките од опозицијата, нема однапред да ги отфрли посилните врски со земјите од Централна и Источна Европа.

„Дискусиите околу тоа дали Словенија треба да биде во друштво на ‘јадрото’ на Европската унија, во таканаречениот француско-германски воз, или да бара други ад хок сојузи се вештачка дилема што покажува недостиг на самосвест кај оние што така велат“, рече Јанша на собирот на словенечки дипломати на Брдо кај Крањ.

Тој додаде дека Словенија бара различни сојузи и дека не би било паметно да се исклучат некои од нив однапред. Јанша посочи дека самата интеграција во ЕУ се заснова на изнаоѓање компромис.

Левичарската либерална опозиција ја обвинува Владата за „орбанизирање“ на Словенија со вртење на надворешно-политичката ориентација на земјата кон „нелиберални демократии“ претставени од Унгарија и Полска и оддалечување од прогресивниот Запад предводен од Германија и Франција.  (МИА)