Јаник Синер го „реши“ Новак Ѓоковиќ за само 62 минути на егзибицискиот турнир во Ријад


Јаник Синер избори финале на егзибицискиот турнир во Ријад по убедливата победа против Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:2, во натпревар што траеше само 62 минути.

Ова беше седма последователна победа на Јаник Синер во меѓусебните натпревари со Новак Ѓоковиќ, иако денешниот натпревар не е вклучен во официјалниот сооднос.

Во сабота, Јаник Синер ќе игра во финалето против Карлос Алкараз, кој го победи Тејлор Фриц со 6:4, 6:2 претходно денес.

Синер одигра речиси совршен натпревар, а Ѓоковиќ немаше шанса за пресврт. Вториот тенисер во светот ги искористи сите три брејк топки, а единствената можност што ја имаше Ѓоковиќ за брејк, Синер лесно ја неутрализираше со серија од четири освоени поени по ред, додека водеше со 4:1 во вториот сет.

Синер го заврши натпреварот со 10 аса и неверојатни 82% од неговите сервис поени. Ѓоковиќ освои само осум поени на прием на сервисот, и покрај импресивните 27 винери и само пет неизнудени грешки, не успеа да го постигне посакуваниот резултат.

Победникот на турнирот во Ријад ќе си замине дома со огромни 6 милиони долари.