Јаневска: „Сѐ што е разумно за законот за високо образование ќе биде прифатено“
Откако пристигнаа многу критики, некои прилично жестоки, за предложениот закон за високото образоавание, министерката за образование, весна јаневска, вели дека јавната дебата сè уште не е завршена. И дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите. Таа најави дека од следната недела, по договор со универзитетите, Министерството ќе оди во нивна посета на јавна расправа.
„Сè уште не е завршена јавната дебата, сè уште очекуваме забелешки. Ние добиваме на ЕНЕР, добиваме и преку мејлот, но очекуваме и универзитетите официјално да ги достават своите интегрирани забелешки. Сè што сметаме дека е разумно ќе биде прифатено. Сè што сметаме дека можеби ќе претставува проблем ќе биде дискутирано. Тоа значи средба на Министерството за образование и наука со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе ги дискутираме спорните членови, и гледам дека во најголем број нема никакви забелешки. Спорни остануваат неколку членови за кои треба да се договориме и да дискутираме“, рече Јаневска.
Таа рече дека „Македонија веќе нема време за просечни и потпросечни резултати. Мора да тргнеме напред“.