Јанева останува во притвор, апелација ја отфрли жалбата


Фото; Б. Грданоски

Апелацискиот суд денеска донесе одлука дека Катица Јанева останува во притвор.

Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена, но апелациските судии процениле дека сѐ уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во притворот во Шутка.

Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно Кривичниот суд ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредена поблага мерка.

Катица Јанева е во притвор од 21 август како осомничена во случајот „Рекет“. Во Шутка е и Боки 13, а досега мерката „притвор“ со куќен притвор му беше заменета единствено на Зоки Кичеец.