Јанева ќе биде спроведена на кардиолошки преглед во „Жан Митрев“


Фото: Б. Грданоски

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска од истражниот затвор ќе биде однесена во клиниката „Жан Митрев“ каде ќе и биде извршен интернистичко кардиолошки преглед, потврди за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Здравствената состојба на Јанева, според нејзините адвокати, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.

Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но судот го одби ова нивно барање