Јанева е подобро, се враќа во Шутка


Фото: Б. Грданоски

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Здравствената состојба значително ѝ се подобрила по четири дена поминати во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше примена во прединфарктна состојба.

Сепак, сѐ уште е неизвесно дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворот „Скопје“, затоа што Апелацискиот и Кривичниот суд треба да одлучат по нејзиното барање да се брани од слобода, односно по барањето на Обвинителството да остане во притвор.

Според обвинението за „Рекет“, Јанева е товари дека зела 50.000 евра од бизнисменот Орце Камчев за да му помага во случајот „Империја“.