Јанчева: Хаосот во Скопје продолжува, Славески и ДПМНЕ го окупираа Светот и донесоа невалидни одлуки
ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Славески, го окупираа Советот на Град Скопје и донесоа невалиднен заклучок, кој е на директна штета на граѓаните и на приватните превозници.
Хаосот со јавниот превоз ќе продолжи само поради политичкиот инает на ДПМНЕ и кавгите со Арсовска.
Наместо решение на проблемот со приватните превозници и прифаќање на предлогот на СДСМ и коалицијата, во Советот на Град Скопје, на сила, се усвои невалиден заклучок којшто не може да се реализира.
Прво, затоа што е донесен без потребниот кворум од 23 советници. Само 19 советници беа присутни во салата на Советот.
Второ, поминати се законските рокови кога можеше да се направи ребаланс на Буџетот на Град Скопје кој што е до 15 ноември.
Така, како што е дефиниран од претседателот на Советот Заклучкот, реално не може да се реализира од страна на службите ниту ЈСП да го имплементира.
Затоа, сите раководители на сектори доставија допис, дека таков заклучок и таква одлука е кривично дело и нема да може да се реализира.
Само заради политички инает и кавга со Арсовска, Трајко Славевски и ДПМНЕ не го прифатија предлогот да се измени и дополни Одлуката за линиски превоз, чл. 103 од Одлуката, т.е. да прифатеа да се пристапи кон измена на методологија за пресметување, трајно ќе се решеше проблемот, а цената на билетот немаше да се покачи, нагласи координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, Љубица Јанчева.
Поради ваквиот однос на Славевски и ДПМНЕ приватните превозници се изманипулирани а граѓаните на Скопје оставени сами на себе со хаосот во градскиот превоз, смета таа.
На вчерашната вонредна седница, советниците од СДСМ и коалицијата излегоа од салата кога се гласаше, а остана само Јанчева, која бараше од Славески процедурално и пауза.
Славески го спроведе гласањето, но немаше кој да преброи од службите, па тој сам заклучи дека има доволно гласови (не кажа колку), а констатира и дека има кворум.
И градоначалничката Арсовска смета дека не може да го потпише вчерапниот заклучок, затоа што немало кворум на гласањето.
Славески синоќа, до доцна во ноќта чекаше да му се вратат документите потпишани.
Тврди дека Советот сега изгласал зголемување на центата по изминат километар за приватните превозници од градскиот сообраќај за 30 денари, односно треба да им се плаќа по 100 денари за километар. Тие беа задоволни од одлуката, а дали ќе возат од понеделник редовно, останува да видиме. Договорот со Градот им истекува во мај 2025 година.