Јанчев го откажа протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Градоначалникот на Кавадарци и екс потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, го откажа протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи беше предупреден од  . Протестот требаше да се одржи пред седиштето на ВМРО-ДПМН за актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски да поднесе оставка.

Јанчев вели дека ваква одлука е донесена утрово, по консултации со Министерството за здравство и со Комисијата за заразни болести.

– Оценето е дека во ова време на пандемија, голема е опасноста од вакви собири, а за истиот што беше планиран за во понеделник веќе имаше интерес од над 3.000 луѓе. Затоа решивме, протестот да го одржиме на еден поинаков начин и притоа да ја пратиме пораката, а да ги запазиме здравствените протоколи. Пораката на Мицкоски ќе ја пратиме преку прес конференции на општинските комитети, со кои започнуваме од денеска, па во наредните денови – вели Јанчев.