Јамајка забранува песни во кои се споменува дрога, оружје…


Јамајка ги забрани медиумските содржини кои „го величат нелегалните активности“, како што се употребата на дрога и оружје. Новите правила се однесуваат на ТВ и радио содржини, вклучително и музика, пишува Би-Би-Си.

Измамата, злоупотребата на дрога и нелегалната употреба на огнено оружје не може да се „промовираат“, а вулгарните зборови и слични зборови се забранети.

Овие строги забрани беа критикувани од некои уметници кои тврдат дека нивната музика е одраз на нивните животи.

Патем, овој чекор го следи високото ниво на криминал во Јамајка – во 2021 година, оваа островска држава имаше една од највисоките стапки на убиства во Латинска Америка и Карибите.

Ова не е првпат музиката да биде забранета на Јамајка. Во 2009 година, регулаторите ја забранија музиката што промовира секс, насилство и убиства.