Јакимовски во Тиквешијата: Ќе се заложи за отворање нови пазари


 

Мојата заложба ќе оди во насока на отворање на нови пазари, имајќи предвид дека со војната во Украина македонските земјоделци го загубија белорускиот и рускиот пазар, изјави денеска во Кавадарци и Неготино, кандидатот за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, кој оствари средби со жители на Тиквешијата. 

Тој рече дека претседателот на државата мора да ја развива и економската дипломатија. 

Но очигледно дека ниту Владата, ниту претседателот на државата се интересираат каде можат да се пласираат земјоделските производи. Буквално целата воена опрема што ја имавме и хеликоптерите и „сухоите“ и ракетните фрлачи и така натаму, сѐ што можевме да дадеме, дадовме, меѓутоа со сета таа воена опрема што им ја дадовме, воопшто не се потрудивме да одат и дел од земјоделските производи“, рече Јакимовски.

Во мене, додаде претседателскиот кандидат, земјоделците ќе имаат сигурен поддржувач.

„Заедно со мене кога ќе одам на службени патувања, постојано ќе треба да оди и министерот за економија, да се отвораат нови пазари, нови можности за македонското земјоделие, особено за конзервната индустрија што се развива во овој дел од регионот. Значи овде воТиквешијата и оној дел кон Гевгелија“, појасни Јакимовски.