Јакимовски се чуди: Ако тепаат советник сега, што ќе прават ако дојдат на власт


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го осуди нападот врз советникот Александар Илиевски што се случи вчера и истакна дека овој инцидент само го покажува притивизмот во врвот на ВМРО-ДПМНЕ кое користи насилни методи за да дисциплинира членови на партијата. Јакимовски јавно го праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дали нападот на советникот Илиевски бил договорен за време на на неговата средба за време на викендот со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, Тони Јаревски.Тој ги повика граѓаните за момент само да замижат и да замислат како овие луѓе ќе се однесуваат ако утре, не дај боже, ако дојдат на власт.

„Го осудувам нападот врз советникот што се случи во текот на вчерашниот ден. Морам да кажам дека и во минатото сме имале политички противници, сме имале причини за кои што се дискутирало, меѓутоа ваков преседан никогаш не се случил, да биде нападнат советник од општина Карпош кој што има различно мислење од неговата советничка група. Основната причина зошто е нападнат советникот на кој што веќе подолго време му се праќаат закани е за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да може да прави поголеми опструкции од овие што сега ги прави. Јасно е дека советникот, со начинот на кој што функционира советничката група ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, не се согласува подолго време и тоа е причина за заканување на истиот од колеги советници како и од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ова само го покажува примитивизмот во врвот на ВМРО-ДПМНЕ во нивното раководство кое користи насилни методи за да дисциплинира членови од партијата кои што мислат во интерес на граѓаните за кои што тие самите се избрани и за кои што добиле мандат да ги застапуваат во општина Карпош“, изјави Јакимовски.

Според него, очигледно е дека ова нивно расе закануваат на граѓани и бизнисмени.

„Јас само сакам да ги повикам граѓаните на општина Карпош, да замижат и да помислат, како овие луѓе ќе се однесуваат ако, не дај боже, дојдат утре на власт. Кога тие од опозиција се однесуваат како насилници и варвари, тек што ќе прават ако се докопаат на власт во Република Македонија“, изјави о Јакимовски.