Јакимовски: Референдумот на Мицкоски 102,6 отсто ќе биде неуспешен
Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, кој воедно е и претседател на ГРОМ, партија која одлучи да излезе од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на ТВ21, тврди дека иницијативата за референдумот е само обид Мицкоски да се испере пред народоот. Како што вели тој Мицкоски бил таен предавник во прифаќањето на францускиот предлог.
-Потполно е јасно која игра ја одигра. Сега што е најстрашно продолжува да ја игра обидувајќи се да направи референдум за кој што знаеме дека 102,6 отсто нема да биде успешен, нема да има мнозинство, ама нему му треба референдумот да се испере пред меѓународната заедница, вели Јакимовски.