Јакимовски предлага да се изгради болница според НАТО стандарди
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски вели дека ако биде избран за шеф на државата тој ќе бил најголема поддршка за младите лекари, особено специјализантите. „Недозволиво е еден специјализант кој специјализира шест години да биде без здравствено осигурување, а да работи во здравствениот сектор“, изјави денеска Јакимовски.
Тој бара придонесот за здравствено осигурување се врати на 13 отсто. Тоа ќе значи дека ќе има средства доволно и за зголемување на платите во здравството и за обезбедување на материјални услови и за специјализација и за праќање во странство на здравствените работници и за набавка на нова опрема и усовршување на нови методи.
Јакимовски предлага да изградиме болница според стандардите на НАТО и да стане регионална НАТО болница во којашто ќе добиеме логистика, во којашто ќе добиеме опрема, во којашто ќе добиваат луѓето специјализации и во којашто ќе има и ќе може да се лечи комплетно безбедносниот сектор на Македонија и во исто време таа болница ќе внесува нови знаења и во исто време ќе носи приходи на државата.