Јакимовски ќе ѝ даде рок на ЕУ: Или влез до 2030 или ќе бараме други алтернативи


Фото: Б. Грданоски

 

Датумот 2030 година за членство во ЕУ го прифати и претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, но ѝ порача на Унијата дека доколку не влеземе дотогаш Македонија ќе бара и други алтернативи. По тој датум Македонија нема време за губење, а ЕУ нема да биде приоритет, рече Јакимовски во денешното гостување на Радио Лидер.

„Ние треба да им кажеме – подготвени сме да чекаме до 2030 година за влез во Европската унија. Ако не влеземе до 2030 година, вие нема да бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема и да се откажуваме, но мораме да си бараме пат за развој на државата“, рече Јакимовски.

Тој не се согласува со тврдењата дека за Mакедонија немало алтернативи. „Зошто говориме за алтернативи? Ние не велиме ‘ќе го напуштиме ова и ќе одиме во БРИКС’. Ќе ги отвориме вратите за инвестирање во оваа држава“, нагласи тој.