Јакимовски добил 3.500 евра за кампања од ДИК, Лукровски – 56.000
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и актуелен градоначалник, Стевчо Јакимовски, соопшти дека од Државната изборна комисија(ДИК) му биле одобрени само 3.500 евра за кампањата во вториот круг од локалните избори, а додека на неговиот противкандидат остатокот до 56.000 евра.
„ДИК ми одобри 3.500 евра за кампања, а на Соте остатокот до 56.000 евра.И мислат дека така ќе ме сопрат? Џабе ви е брашното, џабе ви се заканите, џабе ви се министрите што ги шетате низ Карпош, џабе ви е негативната кампања. Моите проекти зборуваат сами за себе. А мојот број останува ист
070 225 055.
Карпош не се купува со пари, се освојува со работа, чесност и љубов кон народот“ – порача Јакимовски.