Јакимовски бил хоспитализиран пред три недели, вeќе е вратен во затвор
Стевчо Јакимовски по здравствени тегоби бил хоспитализиран во приватна болница и по речиси три недели бил вратен повторно во затворот.
„Во однос на интересот на јавноста за здравствената состојба на г. Стевче Јакимовски, сакам да информирам дека на 5 август 2026 година, по претходно искажани здравствени тегоби и жалби од негова страна, тој беше хоспитализиран во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што му беше овозможен соодветен медицински третман и здравствена грижа. По завршувањето на болничкиот третман, на 26 август 2026 година, г. Јакимовски е вратен во КПУ Затвор Скопје“, изјавил директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски за „Слободен печат“.
Како институција, наша обврска е кон секое лице кое се наоѓа во установата да постапуваме одговорно и човечки и, секогаш кога постои медицинска потреба, навремено да му овозможиме соодветна здравствена заштита. Здравјето и човечкото достоинство мора да бидат почитувани без исклучок, додал Утковски.
Поради доверливоста на медицинските податоци, Утковски вели дека не би навлегувал во детали за здравствената состојба на Јакимовски.
„Она што можам да го потврдам е дека институцијата постапила согласно своите надлежности и медицинските препораки, велиУтковски.