Јагуриноски нов ракометар на Охрид


Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриноски е нов ракометар на ГРК Охрид.

Дваесет и седумгодишниот десен бек потпиша на миниум две години со ГРК Охрид. 

– Чест ми е што ќе се придружам на колектив како РК Охрид кој има голем напредок и амбиции како клуб. Охрид е македонскиот бисер и е задоволство да се игра за овој дрес и овие навивачи. Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за подобри резултати и исполнување на амбициите на клубот, изјави Јагуриноски.

Јагуриноски во Охрид доаѓа од Десау (Германија), а досегашната кариера ја помина во РК Вардар 1961 и РК Металург.