Јаделе отровен спанаќ – добиле халуцинации, биле во делириум


 

Откако некои луѓе во Австралија конзумирале отровен спанаќ, добиле халуцинации. Имено, деветмина побарале лекарска помош откако изеле млад спанаќ на производителот „Ривера фармс“.

Здравствените власти наведуваат дека се затруени и имале забрзана работа на срцето и замаглен вид. Предупредиле дека сите пакети од тој спанаќ со рок на траење до 16 декември не се сигурни за конзумација и треба да се фрлат. „Ривера фармс“ соопшти дека спанаќот веројатно бил контаминиран, но дека тоа не се случило со ни еден друг производ.

„Никојо не умре, па сме многу задоволни. Се надеваме дека така и ќе остане. Но, тие луѓе се прилично болни. Некои имаат халуцинации, гледаат работи кои ги нема“, вели лекарот Дарен Робертс од државниот Информативен ценат за отровни состојки“, пренесе Би-би-си.

Портпаролот на компанијата „Ривера фармс“ рече дека веднаш ги презеле сите потребни мерки и побарале од продавниците да го тргнат од рафтовите овој производ. За сега симптоми на труење пријавиле само граѓани од Сиднеј.