Јачината на земјотресот во Албанија е еднаква на експлозија на три атомски бомби


Според податоците објавени на порталот „Волкано дискавери“ земјотресот со силина од 6,3 степени, кој ја погоди Албанија, според силата е еквивалентно на 60.000 тони експлозив ТНТ.

Тоа е еквивалент за три атомски бомби, пренесува порталот „Сот њуз“.

Албанија од рано утринава ја потресоа повеќе земјотреси, а последниот е забележан нешто по 14 часот и беше со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, а во меѓувреме се регистрирани дури 40 потреси.

Според последните информации, 16 лица го загубиле животот во оваа природна катастрофа, од кои две се деца.

Нема податоци колку граѓани уште се наоѓаат под рушевините, а последната информација гласи дека во последните 10 часа се спасени 42 лица.