Ја пријавила мајка ѝ која во банка ја влечела, ја туркала и ѝ се заканувала
22-годишна девојка од Скопје пријавила дека била нападната од својата 53-годишна мајка во експозитура на банка во Центар.
„Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во експозитура на банка на подрачјето на Центар, нејзината мајка М.Р.(53) агресивно се однесувала кон неа, ја влечела, туркала и ѝ упатувала закани“, соопшти МВР.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.