Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучил дека Венко Филипче „делува антидржавно“ и шири „параноја“
Во стилот на единствената партијата од време на социјализмот Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ разговарал за политичката криза во државата која беше предизвикана од случајот со Алта банка Битола. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ нотирал „деструктивно делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење на пари на илјадници граѓани“. Притоа изјавите на лидерот на СДСМ го нарече „антидржавното делување на Венко Филипче“ кое било во „насока на подривање на системот, ширење на параноја и саботажа на банкарскиот систем“.
Врвот на партијата изразил уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката. Партијата нема предвидувања кога би можело да се случи тоа.
Извршниот комитет донесол одлука за теренска агенда на координаторите за посета на општинските и месните комитети на партијата.