Извозот зголемен за 20,1 отсто, а увозот за 28,9


 

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 6,15 милијарди евра и бележи пораст од 20,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8,99 милијарди евра, што е за 28,9 отсто повеќе од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 2,84 милијарди евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 68,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – септември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.